Затоа е Крал, 37-годишниот Леброн Џејмс даде дури 56 поени, соиграчите го ладеа после мечот (Видео)

Леброн Џејмс рано утрово испишуваше историја откако со 56 поени го предводеше Лос Анџелес лејкерс до победа над Голден Стејт вориорс од 124-116, прекинувајќи ја серијата од четири порази по ред.

Кралот Џејмс, со 37 години и 65 дена, стана најстариот кошаркар кој имал над 50 поени и 10 скока на еден меч, во оваа категорија го надмина Мајкл Џордан. За Џејмс ова е втор 50-ка во дресот на Лејкерс, првпат уфрли толку во 2018 година, а стана и единствен во историјата на НБА кој давал 50 или повеќе поени и на возраст под 21 година и на возраст над 35 години.

Во останатите мечеви, постигнати беа следните резултати: Шарлот – Сан Антонио 123-117, Мемфис – Орландо 124-96, Мајами – Филаделфија 99-82 и Минесота – Портланд 135-121.

После мечот, додека даваше изјава за телевизија, соиграчите го полеаја со студена вода, за да го оладат „жешкиот“ Џејмс.

https://twitter.com/i/status/1500324072793653248

- Оглас -

Најнови вести