Жозе Мурињо е еден од најдобрите фудбалски тренери, кој вечерва има можност да стане првиот стратег кој што успеал да ги освои сите три натпреварувања под капата на УЕФА.
Португалецот од 21 часот ќе ја води Рома во Тирана против Феенорд во финалето од Конференциската лига на Европа, натпреварување кое што постои од оваа сезона. Мурињо во досегашната своја кариера има три финалиња од европските натпреварувања и на сите нив неговите екипи победија.
Најпрвин тоа беше со Порто во 2004 година во Лигата на шампионите а потоа со Интер во 2010.
Последен беше успехот со Манчестер јунајтед во Лигата на Европа во 2017 година, што се испостави дека е и последен позначаен трофеј за овој клуб.
Дали Мурињо ќе успее да дојде до четири од четири во европските финалиња, ќе видиме вечерва, пред полноќ.