27.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Затоа е толку ценет во соблекувалната – Анчелоти го викна дефанзивецот за да му биде асистент (ВИДЕО)

Реал Мадрид под водство на Карло Анчелоти има фантастична сезона која што може да ја круниса со титула во Лигата на шампионите, откако претходно ја потврдија круната во Ла Лига.

Италијанецот е навистина ценет во соблекувалната на кралскиот клуб а резултатите кои што ги постигнува клубот се плод на одличната работа која што ја има тој со неговите соработници и фудбалерите.

На средбата против Леванте, Анчелоти во еден момент го викна Едер Милитао да му биде помошник тренер, барем за момент, а дефанзивецот без размислување ја прифати таа покана.

Многу од фудбалските фанови се пошегуваа дека Милитао е најдобриот асистент во светот со оглед на тоа дека има 100 одсто учинок во својата тренерска кариера.

- Оглас -

Најнови вести