Затоа фалеше НБА: Луд меч на кој Харден направи шоу за неверојатен пресврт против Дончиќ и Далас (Видео)

Хјустон го победи Далас со 153:149 во најнеизвесниот дуел кој синоќа се одигра во НБА лигата. Далас беше тимот кој водеше речиси во текот на целиот меч, но на крајот Хјустон се радуваше на триумф.

По израмнетата прва четвртина, Далас во втората четвртина направи двоцифрена разлика, која ја одржуваше до самиот финиш на мечот. Каубоите водеа со 131:120 на шест и пол минути до крајот, а на само 45 секунди до крајот од регуларниот дел беше 138:131 за Далас.

Сепак, Хјустон предводени од Џејмс Харден не се предаде и најпрво стигна до 139:139 по регуларните 48 минути, а во продолжението од пет минути Ракетите стигнаа и до победата. Харден беше незадржлив и заврши со 49 поени, девет скока, осум асистенции и три блокади. Првата ѕвезда во тимот имаше одлична помош и од Вестбрук кој додаде 31 поени.

Кај Далас Порзингис постигна 39 поени, а Лука Дончиќ заврши со 28 поени, 13 скока и 10 асистенции, но трипл-даблот на Словенецот не беше доволен за победа на Далас.

Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска: Сан Антонио – Сакраменто 129:120, Милвоки – Бостон 119:112, Портланд – Мемфис 140:135 по продолжение, Вашингтон – Феникс 112:125.

- Оглас -

Најнови вести