По триумфот над Диего Шварцман, со кој Рафаел Надал обезбеди пласман во полуфиналето на ОП на САД, Шпанецот покажа зошто е еден од најдобрите светски тенисери. Надал е комбинација од талент и напорна работа, а овој потег ги воодушеви присутните на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк.
По мечот во четврт-финалето, Надал ги поздрави шпанските новинари кои беа сместени во новинарската ложа, со хируршки прецизен удар. Топчето го испрати точно во ложата, која се наоѓа на средина од трибините.