Затоа ги сметаат за најдобри: Навивачите на Дортмунд ја покажаа хуманоста

Она што е познато за Коронавирусот, меѓу другото, е дека може да биде фатален за постарите лица и хронично болните, додека помладите полесно се справуваат со вирусот. Во ваква ситуација, во Германија има посебни рестрикции со цел да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19.

Сепак, и во кризен период постојат луѓе кои совеста не ги остава да седат со скрстени раце, а едни од нив се навачите на Борусија Дортмунд. Имено, преку отворено писмо тие соопштија дека од утре ќе пружат „курирска услуга“ за групата граѓани кои не се во можност, не смеат или не би требало да ги напуштаат своите домови поради Коронавирусот.

Почнувајќи од утре, па сè додека ситуацијата не се смири, секој ден од 11 до 17 часот навивачите на Дортмунд ќе пазаруваат, ќе плаќаат сметки и ќе ги вршат сите останати задачи за постарите и болните кои не се во можност да ги остварат.

Навивачите на Милионерите долга низа години го красат фудбалот со своите фантастични кореографии и коректни навивања, а со овој хуман гест покажааа зошто ги сметаат за најдобри фанови во светот.

- Оглас -

Најнови вести