Чави Ернандес заедно со Андрес Иниеста со години беа „мозокот“ во играта на Барселона. Овие двајца играчи беа креативци какви што ретко се раѓаат и заедно со Лионел Меси создаваа напад страшен за сите одбрани. Во времето кога Чави и Иниеста царуваа, Барселона ја воспостави популарната „тика-така“ игра, која се карактеризираше со многу кратки и брзи додавања.
Дека Чави и како тренер знае тоа да ја преточи „тика-така“ играта на теренот, се потврди и со погодокот што го даде неговиот тим Ал Сад. Нападот започна од голманот, а потоа следуваа 10-тина кратки и брзи додавања, а топката за миг се најде пред противничкиот голман и заврши во мрежата.
Сите се сложуваат дека оваа акција потсети на славното време на Барселона и „тика-така“ играта.