Затоа се европски и светски прваци: Нојер го построи Левандовски, Полјакот му возврати со аплауз (Видео)

Баерн Минхен синоќа со 4:1 го победи Лацио во Рим и речиси сигурно го обезбеди местото во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Актуелниот европки и германскиот првак во реваншот сигурно нема да дозволи да ја прокоцка оваа предност.

За тоа како во Баерн сите мора да бидат фокусирани 100 отсто во текот на целиот меч, па дури и кога водат со 4:1 на гости, се потврди синоќа во 76-тата минута. Лацио требаше да изведе корнер, а голманот и капитен на Баерн, Мануел Нојер, започна да ги распоредува своите соиграчи во дефанзивата.

Во еден момент Нојер забележа дека во петерецот го нема Роберт Левандовски. Напаѓачот на Баерн беше на средината од теренот, но Нојер го повика да се врати во одбраната и да помогне, иако првичната задача на Левандовски е да дава голови.

Без многу противење, Левандовски се врати пред голот на Нојер и со аплауз го награди својот капитен за тоа да се остане фокусиран во текот на целиот меч.

https://streamable.com/uoblqp

 

- Оглас -

Најнови вести