Затоа се први, сега Атлетико е единствен тим во Шпанија против кој не е досуден пенал

Бетис и Севилја одиграа 1-1 во градското дерби во Севилја, а од резултатот понезадоволни треба да бидат домашните кои утнаа пенал за водство, можеби и победа. Севилја поведе со гол на Сусо и најави дека ќе остане на само пет порази на последните 30 гостувања кај Бетис, но само три минути подоцна Каналес израмни од пенал.

Тоа беше прв пенал против Севилја сезонава, и сега лидерот Атлетико Мадрид е единствен тим во шпанската лига против кој не е шутнат пенал сезонава.

Белата точка се покажа како црна за Бетис, бидејќи во 75-та минута добија уште една шанса да шутираат пенал, но Фекир не погоди. Тренерот Пелегрини ќе треба да објасни зошто не шутираше Каналес кој 20-тина минути порано даде гол од пенал. Голманот Буну се запиша во историјата како прв голман на Севилја кој одбранил пенал во градските дербија.

- Оглас -

Најнови вести