Динамо Загреб без многу размислување ја одби понудата за Лука Иванушец од Русија вредна нешто помалку од 10 милиони евра.
Ја прати рускиот гигант Локомотив Москва, а Модрите воопшто не сакаат ниту да размислуваат да ги продаваат главните играчи за суми под 10 милиони евра.
Еден од нив е и Иванушец, кој има 23 години и е поливалентен офанзивец и играч од средниот ред, проценет и како највреден фудбале на трансфер пазарот кај Динамо.
За Иванушец има и интерес и понуди, но ниту една не ги задоволува барањата и амбициите на Динамо, па можно е тој и да остане и да игтра во Лигата на шампионите.
Динамо сака дополнително да се се засили за тешките дуели со Милан, Челзи и Салцбург во Е групата.
На радарот на популарните Модри е норвешкиот репрезентативец Фредрик Андре Бјеркан, кој игра како лев бек за Херта Берлин.
Неговата вредмост е околу 2.5 милиони евра.