26.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Затоа Сити го сака Донарума, Трафорд има кошмарно полувреме против Тотенхем (Видео)

Манчестер сити губи 0-2 по првото полувреме против Тотенхем, а „јунак“ во првите 45 минути беше голманот на Граѓаните, Џејмс Трафорд.

Трафорд има попладне од кошмарите, прими гол после грешно додавање, а непосредно пред тоа надвор од 16-никот направи фаул над Мохамед Кудус за кој многумина сметаат дека требаше да добие црвен картон.

Ова е голот на Паљиња негов прв во дресот на Тотенхем, а му претходеше грешката на несигурниот Трафорд кој наскоро треба да стане резерва откако Сити ќе го донесе Џиџи Донарума:

- Оглас -

Најнови вести