Тикет уплатен во саботата во Ѓорче Петров е еден од најинтересните кои во изминативе неколку денови беа уплатени во Sport Life. На тикетот има шест меча и на сите има иста тактика, а тоа е да има од два до три гола во првото полувреме и еден до три погодоци во вториот дел.
Оваа игра нуди високи квоти кои на тикетот се движат од 3.65 до 4.40. Погодени беа пет парови кои се одиграа во саботата и неделата, па за денеска остана само еден меч да се чека, а тоа беше Бромапојкарна – ГАИС.
Обложувачкот кој го уплатил тикетот сепак реши да не ризикува и ја искористи опцијата Кеш-аут што ја нуди Sport Life. Тој реши да направи исплата на тикетот пред да се одигра последниот меч и да си заработи 110.103 денари, без да ризикува.
Денеска се одигра и последниот меч и на крајот Бромапојкарна – ГАИС заврши 0:2. Двата гола беа постигнати во првото полувреме и тука е погодено првиот дел од условот да има два или три погодови во првиот дел, но во второто полувреме кога требаше да има барем еден погодок, но не повеќе од три, мрежите мируваа и немаше ниту еден гол.
Тоа значи дека ако обложувачот решеше да ризикува и да „се коцка“ за последниот меч и да го чека целиот тикет да биде добитен за неверојатни 647.518 денари, не згрешеше и ќе останеше без добивка.
Вака, благодарение на Кеш-аут понудата во Sport Life, тикетот е добитен и веќе исплатен, а обложувачот си заработи околу 1.800 евра.


