Еден од најпознатите парови во тенисот ја официјализира својата врска со свршувачка. Машкиот светски рекет број 9, Алекс де Минор, и неговата партнерка Кејти Бултер (24-та на ВТА-листата и најдоброрангирана Британка) се заедно од пролетта 2020 година.
Австралиецот кој има 25 години и три години постарата Британката често играат заедно на турнирите во мешани двојки, но во првите часови од Новата година може да бидат ривали во Јунајтед купот, турнир за мешани репрезентации. Австралија и Велика Британија ќе се соочат на први јануари со Де Минор и Бултер во нивните состави.
Во Јунајтед купот ќе се играат мечеви во сингл и мешани двојки, Австралија и Велика Британија се во игра во иста група, па Алекс и Кејти можно е да се сретнат еден против друг од спротивната страна на мрежата ако бидат одбрани да играат во микс дубл.
„Не можам да кажам дека сум воодушевена од идејата да играм против него. Тој е топ 10 тенисер, знае да игра и тоа е едната страна. Другата страна е личната. Ќе биде тешко, но би можеле да се фалиме со тоа“, смета Бултер.