Интер и Тотенхем постигнаа договор за трансфер на Кристијан Ериксен во редовите на калчолигашот, потврдија неколку медиуми во Италија. Според договорот, Ериксен во Интер заминува за сума од 20 милиони евра, кои 15 милиони ќе бидат платени веднаш, а пет милиони ќе следуваат во вид на бонуси.
Данскиот репрезентативец ќе остане во Интер до 2024 година, а ќе заработува 10 милиони евра по сезона.