За Родригес заврши 2019 година

Хамес Родригес, креативецот на Реал Мадрид, ја заврши натпреварувачката 2019 година откако ја обнови повредата на левото колено. Колумбиецот принудно се врати во Мадрид поради компликации со кои се здобил на тренинг, а по деталните медицински прегледи утврдено е дека ќе се врати во погон дури по Новата година.

Хамес и пред репрезентативната пауза се пожалил на болки во коленото, но и покрај тоа, отпатува со составот на Колумбија. Наместо да закрепне, ситуацијата со коленото се влоши, па одличниот Родригес предвреме ја заврши полусезоната.

Оваа сезона Хамес запиша вкупно девет настапи за Кралевите, од кои седум се во Ла Лига. Само еден гол и асистенција не е доволно добар учинок, но може да е задоволен што полека ја враќа довербата кај Зидан.

- Оглас -

Најнови вести