Заврши агонијата на Њујорк, Рендл го засени незапирливиот Вестбрук

Њујорк никс стави крај на низата од 18 последователни порази со триумфот од 106:91 на гости кај Атланта хокс. Никси се израдуваа за првпат по петти јануари, кога беа подобри од тимот на ЛА лејкерс, додека „јастребите“ го претрпеа четвртиот пораз на последните пет меча.

Денис Смит јуниор го предводеше составот на Њујорк со 19 поени и седум асистенции, додека на Атланта не ѝ помогнаа ниту 21 поен на Дедмон.

Њу Орлеанс пеликанс го совлада тимот на Оклахома сити тандер со конечни 131:122. Ова беше четврта меѓусебна пресметка на овие две екипи во регуларниот дел од сезоната во која „пеликаните“ вторпат остварија триумф над Оклахома. Домаќините во поголемиот дел од мечот играа без најдобриот поединец, пред крајот на првото полувреме се повреди Ентони Дејвис, кој до тој момент забележа 14 поени.

Рендл и Холидеј се погрижија да не се почувствува отсуството на Веѓата, тие двајца со 33, односно 32 поени го предводеа Њу Орлеанс до 26-тиот триумф. Во втор план падна новиот трипл-дабл учинок на Расел Вестбрук, веќе негов 11-ти во низа, а плејмејкерот на гостите заврши со 44 поени, 11 асистенции и 14 скока. Џорџ одигра под неговиот просек, а реализираше 28 поени.

 

Орландо меџик ја продолжи низата на пет последователни победи, ноќеска избраниците на Стив Клифорд славеа над Шарлот хорнетс со убедливи 127:89. Теренс Рос го предводеше домашниот состав со 21 поен, Вучевиќ реализираше двоен учинок од 17 поени и 11 скока. Од редовите на Шарлот најрасположен беше Монк со 15 поени, додека првата ѕвезда на тимот Кемба Вокер заврши со скромни 10 поени.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести