Австриски Волфсбергер со убедливи 4-0 победи на Малта против Гзира и го елиминира клубот кој беше едно од најпријатните изненадувања летово.
Гзира во квалификациите во Конференциската лига најпрвин го елиминира Атлетик Ескалдес од Андора со 1-1 и 1-0, а потоа на пенали го елиминира и српскиот претставник Раднички Ниш откако двата меча завршија нерешено 2-2 и 3-3.
На првиот меч против Волфсбергер во Клагенфурт, Гзира одигра сензационални 0-0, но денеска немаше сили за ново чудо, губеше со 0-2 по првото полувреме, во средина на второто полувреме добија и два црвени картони, па победата на Волфсбергер беше рутинска.
Во финалето за влез во групната фаза на Конференциската лига, Волфсбергер ќе игра со Молде или Кишварда. Норвешкиот тим го доби првиот меч со 3-0, па фаворит е за место во баражот.