Заврши бајката на Гранада

Валенсија ја победи Гранада со 2-0, и сега двата тима се изедначени на табелата во шпанската лига со по 20 бода. „Лилјаците“ поведоа со гол на Вас (негов прв гол на Месталја како член на Валенсија) во 74 минута, а точка стави Феран Торес во 97-ма минута по една убава соло-акција.

Гранада е најпријатно изненадување во лигата, но гостувањата кај најголемите шпански клубови за нив се голем проблем. Гранада беше лидер на табелата пред две-три недели, но сега со три порази по ред, полека паѓа и си доаѓа таму каде што реално им е местото.

Гранада секогаш кога гостува кај Валенсија прима гол, а на „Месталја“ гостувале 31 пат, и немаат победа (четири ремија и 27 порази).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести