Заврши бајката на стружани, шампионот Шкупи им ја сопре серијата без пораз од сомнителен пенал

Струга Трим Лум конечно доживеа прв пораз во македонското првенство и во десеттото коло загуби од шампионот Шкупи на гости со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол на стадионот во „Чаир“ беше репрезентативецот на Костарика, Фреди Алварес од пенал во 57-та минута.

По еден дуел меѓу голманот на Струга, Ведран Ќосевски и напаѓачот на Шкупи, Сандеј Адетунџи, судијата Ставрев покажа на белата точка, а Алварес погоди.

Потоа Ќосевски поради повреда беше заменет, а стружани не успеаја до крајит на мечот да израмнат и да ја продолжат серијата без пораз.

Сепак се уште се на врвот со 25 бода, а сега Шкупи е на третото место со 18 бода, колку што има и Силекс на четвртата позиција.

Во дербито на Втората лига, лидерот Вардар забележа нова победа, денеска против Беса со 1:0 и ја продолжи серијата со успеси и се уште нема примено гол дома, со гол-разлика 11:0.

 

- Оглас -

Најнови вести