Даниел Димески е избран за нов претседател на Македонскиот олимписки комитет, со што заврши долгата ера на владеење на познатиот спортски работник Васил Тупурковски.
Во тензична атмосфера, без присуство на противкандидатката Александра Војнеска-Зикова, која предвреме си замина обвинувајќи дека Собранието на МОК е нелегитимно, Димески ја доби довербата од 30 делегати.
Само двајца гласаа за поранешната атлетичарка Војнеска-Зикова, која најави дека ќе ја продолжи битката за да докаже дека изборот на противкандидатот е нелегитимен.
Димески, кој беше претседател на Кошаркарската федерација во време кога Македонија го постигна најголемиот успех во историјата со пласман на четвртото место на ЕП во Литванија, најави дека наскоро ќе организира нов Изборно собрание.
Забелешки на кандидатурата на двајцата единствени кандидати кои беа вклучени во трката имаше и од двете страни, а најмногу се реагираше на нелегитимната процедура и кандидатурата и на Димески и на Војнеска-Зикова.