26.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Заврши европската авантура на Алкалоид откако и дома загуби од Хановер

Екипата на Алкалоид загуби со 28:29 од германскиот бундеслига Хановер, во реванш мечот од квалификациите за пласман во ЕХФ Европската лига. Ако се знае дека Алкалоид загуби со 10 разлика и на првиот меч во Германија, македонскиот тим е елиминиран од европските натпреварувања.

Хановер на стартот поведе со 2:0 и ја имаше контролата на резултатот во првите неколку минути, а потоа Алкалоид стигна до првото израмнување 6:6. Потоа следуваше најдобриот период во играта на Хановер. Гостите со фуриозна игра направија низа од 6:0 за водство од 12:6.

Потоа дојде ред и Алкалоид да блесне, па македонскиот тим со серија од 7:1 стигна до уште едно израмнување (13:13), а до крајот на првиот дел, двата тима постигнаа по еден гол, па по 30 минути игра беше нерешено.

Хановер и во второто полубреме тргна подобро и даде три гола во низа за 17:14. Потоа следуваше тајм-аут на Кирил Лазаров, кој вроди со плод, затоа што Алкалоид имаше серија од 5:0 и стигна до 19:17 во 38 минута, што беше прв пат домаќините да имаа предност.

Хановер стигна до 20:20, а потоа се играше гол за гол на двете страни. Беше 27:27 во 53 минута. Потоа играчите на Алкалоид влегоа во низа на промашувања, дури и од со ударите од седум метри. Тоа знаеја да го искористат играчите на Хановер кои постигнаа два гола за предност од 29:27 на три минути до крајот.

Алкалоид намали на 28:29, а потоа Костоски промаши за израмнување на точно една минута до крајот и тоа беше крај на надежите дека може да избегне пораз од бундеслигашот.

Пред мечот, Алкалоид го доби заслужениот трофејот освоен минатата сезона во ЕХФ Купот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести