32.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Заврши европската бајка на Вардар, Лозана со „петарда“ го прослави поминувањето во следната фаза

СпортМанија во Лозана, 

Толку беше од Вардар во Европа за оваа година. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб е елиминиран во второто коло од квалификациите за место во Конференциската лига откако вечерва во Лозана загуби убедливо со 5:0 од швајцарскиот противник.

Овој резултат од 4:0 за Лозана беше повеќе од доволен за да се анулира негативата од 1:2 што Швајцарците ја имаа по првиот меч во Скопје одигран пред една недела.

Серијата голови започна само по 16 минути игра, кога дефанзивецот на Лозана, Ное Дусен, погоди со глава по првиот корнер што го изведе домашната екипа.

Веќе во 33-тата минута беше 2:0, а стрелец беше Мамаду Калу Сене. Интернационалецот од Сенегал како брз воз продре меѓу одбраната на Вардар и лесно го матира голманот Талевски.

Клучен за мечот очигледно беше голот што беше постигнат во полседните моменти од првиот дел. Повторно Сене беше стрелец за 3:0, резултат кој даде комотна предност за Лозана.

Во вториот дел продолжи доминацијата на домаќините, а тоа беше крунисано уште со два гола. Албан Ајдини погоди за 4:0 откако одбраната на Вардар делуваше тромаво и неодлучно во петерецот, па играчот на Лозана лесно ја затресе мрежата.

Сејду Траоре стави точка на гол-шоуто на Лозана со голот за 5:0 во 84-тата минута.

Лозана во следното коло ќе игра против Астана, а за Вардар останува сега максимално да се фокусира и да се подготви за стартот на новото домашно првенство, каде што за малку повеќе од една недела, во првото коло ќе игра против вечниот ривал Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести