Заврши европската сезона за Манчестер јунајтед, Копенхаген е сензационален осминафиналист (Видео)

Еипата на Манчестер јунајтед заврши како последнопласирана во групата „А“ и ја заврши својата европска сезона откако вечерва загуби со 0-1 од Баерн Минхен на домашен терен. Единствениот погодок за победа на Баварците беше дело на Кингсли Коман по перфектното проигрување од Хари Кејн.

Баерн Минхен убедливо заврши на првата позиција, додека сензационален учесник во осминафиналето е екипата на Копенхаген, која со 1-0 го совлада тимот на Галатасарај. Турскиот претставник како третопласиран продолжува во Лигата на Европа.

Во групата „Ц“, Наполи со победата од 2-0 над Брага си обезбеди пласман меѓу најдобрите 16 екипи во Европа, а нашиот репрезентативец влезе во игра во 60-тата минута на местото од Политано. Брага и покрај поразот, го освои третото место и продолжува во второто по ранг натпреварување, со оглед на тоа дека Унион Берлин не успеа да го совлада Реал Мадрид, а Кралевите со победата од 2-3 со максимален ефект од шест победи патуваат во осминафиналето.

Во групата „Д“ борба се водеше за првата позиција, но и за третата. Реал Сосиедад успеа да извлече 0-0 на гостувањето во Милано и како првопласирана патува во осминафиналето, додека Интер како втор патува во следната фаза. На вториот натпревар од оваа група, Бенфика забележа голема победа од 1-3 на гостувањето кај Салцбург, со што го освои третото место и успеа да обебзеди пласман во Лигата на Европа.

Резултати:

Копенхаген – Галатасарај 1-0
Интер – Реал Сосиедад 0-0
Манчестер јунајтед – Баерн Минхен 0-1
Наполи – Брага 2-0
Салцбург – Бенфика 1-3
Унион Берлин – Реал Мадрид 2-3

 

 

- Оглас -

Најнови вести