7.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Заврши европскиот сон на Шкендија и тоа со убедлив пораз од Самсунспор

Македонија останува без ниту еден преставник во европските купови, откако Шкендија вечерва загуби на гостувањето кај Самсунспор со 4:0 во реванш мечот од плејофот за пласман во плејофот во Конференциската лига на УЕФА.

Ако на овој резултат се додаде и фактот дека турскиот тим славеше пред една недела во Скопје со 1:0, Самсунспор повеќе од заслужено, со вкупно 5:0 оди во осминафиналето на третото по ранг натпреварување на УЕФА.

Шкендија успеа едно полувреме да парира на гости кај Самсунспор и резултот беше 0:0 по првите 45 минути. Сепак, во вториот дел, турскиот тим не сакаше да остави ништо на случајноста и тргна многу поофанзивно во нападот.

Отпорот на Шкендија беше скршен во 53 минута кога беше досуден пенал за Самсунспор, а сигурен реализатор беше Нчхам. Сите дилеми околу победникот на овој меч беа решени во последните 20 минути кога најпрво Ндиаје погоди за 2:0, а Мариус зголеми на 3:0 во 79 минута. Во 90+2 минута повторно Мариус погоди за конечни 4:0.

 

- Оглас -

Најнови вести