Борусија Дортмуд нема да смета на услугите на Аксел Витсел до крајот на годинава. Од таборот на германскиот вицепрвак потврдија дека на Белгиецот денес му била извршена неопходна операција на лицето, по што ќе мора да паузира неколку недели.
Витсел ќе пропушти четири натпревари до крајот на полусезоната, вклучувајќи го и утрешниот дуел против Славија Прага во ЛШ. На Милионерите им е потребна победа за пласман во осминафиналето, но и Барселона да избегне пораз на гостувањето кај Интер.
Меѓу трите првенствени меча, Витсел нема да биде во составот во тешката пресметка против Лајпциг, моментално второпласираниот тим во Бундеслигата.
Витсел сезонава запиша 21 настапи за Дортмунд во сите натпреварувања, на кои реализира три гола и исто толку асистенции, па јасно е дека на тренерот Фавр ќе му недостига неговото присуство на теренот во овој клучен период од сезоната.
https://twitter.com/BVB/status/1204004435783016450
https://twitter.com/BVB/status/1204004435783016450