Манчестер сити убедливо со 4:1 победи на гостувањето кај Борнмут, во меч од 25. коло на Премиер лигата и Граѓаните остануваат во трка за титулата. Уште во првото полувреме Сити покажа зошто ја има фаворитската улога и со головите на Алварез, Халанд и Фоден стигна до предност до 3:0.
На почетокот на второто полувреме, Сити поведе и со 4:0, а во 83 минута домаќините постигнаа почесен погодок за 1:4.
Халанд кој е најдобар стрелец во Премиер лигата имаше два меча без погодок и почна да добива критики, но голгетерот на овој меч покажа дека не е воо никаква криза. За Халанд ова беше 27-ми првенствен погодок, односно вкупно 33-ти гол во исто толку меча за Сити сезонава.