Вечерва својата разрешница ја имаше и едно од највозбудливите првенства во Европа оваа сезона, шпанската Сегунда. Екипите на Гранада и Лас Палмас се враќаат во елитниот шпански фудбал, откако успеаја да ги освојат првите две позиции.
Гранада заврши на првото место со 75 поени, додека Лас Палмас со 72 бода го освои второто. Ист број на бодови имаше и Леванте, но бидејќи двата меѓусебни натпревар со Лас Палмас завршија нерешено, клубот од Валенсија е трет поради послабата гол-разлика и ќе игра во плеј-офот. Таму се и екипите на Алавес, Еибар и Албасете.