Заврши одисејата на Балотели во Сион: Тепачка, пијанство и присуство на забава во костум на Пикачу

Поранешниот италијански репрезентативец Марио Балотели неславно ја заврши сезоната во Сион, тимот испадна од Суперлигата, а тој се потруди фановите и фудбалерите да не го заборават неговиот престој во Швајцарија.

Балотели не ги оправда вложените пари, постигна само шест гола, но затоа надвор од терените во целост го оправда епитетот на лошо момче во фудбалот.

Неговиот „учинок“ надвор од терените е луди забави во ноќните клубови, кои Сион се обидуваше да ги прикрие, покажување на средниот прст на навивачите за време на натпревар, пијанство за време на подготовките во Марбеља, обид да внесе проститутки во хотел, како и обвинување на лигата за корупција.

Најголемиот скандал се случи во февруари годинава, кога Балотели, маскиран во костум на лик од анимираните филмови, Пикачу, се појавил на забава. Со него бил и спортскиот директор Константин, кој се маскирал во лик од серијата „La casa de papel“.

Нивниот обид да го скријат идентитетот пропаднал, а притоа Балотели во пијана состојба му удрил тупаница на директорот Константин.

- Оглас -

Најнови вести