Се чини дека паузата од професионалниот фудбал за Пол Погба наскоро ќе заврши. Францускиот интернационалец е надвор од терените уште од ноември минатата година, кога го раскина договорот со Јувентус откако претходно падна на допинг-тестот.
Погба се очекува кариерата да ја продолжи во членот на американската МЛС-лига, Ди Си јунајтед, а веќе е виден и на нивни натпревари. Доколку овие шпекулации бидат потврдени, тој ќе биде уште една ѕвезда која ќе се пресели во САД пред Светското клупско првенство, но и Мундијалот следната година.
Пред преселба во САД е и ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Бројне, кој слично како и Погба, се поврзува со Ди Си јунајтед.