Македонската фудбалска репрезентација израмни на 1:1 во дуелот против Финска на пријтелскиот меч во Скопје, и тоа со голот на Енис Барди од пенал во 75-тата минута. Со овој погодок на Барди е прекината една лоша низа од 405 минути игра, во кои немавме постигнато погодок.
Нашата репрезентација се немаше израдувано на погодок од дуелот против Гибралтар, кога победивме со 4:0, а последниот гол го даде Чурлинов во 31-вата минута. Од тој момент, Македонија одигра над 400 минути во дуелите против Грузија, Бугарија, Саудиска Арабија и сега со Финска, за конечно да погоди Барди од пенал.
Акцијата по која беше досуден пенал и голот на Барди може да го видите ТУКА.