Заврши регуларниот дел во НБА – Освоија 4 од последните шест титули, сега ќе бидат предигра за плејофот

Голден стејт вориорс, најуспешниот состав во минатата декада и aктуелниот првак Лос Анџелес лејкерс ќе мора да играат меѓусебе во првото коло на плејин турнирот за да си обезбедат место во плејофот во НБА-лигата.

Ноќеска заврши регуларниот дел од сезоната во НБА, а и двете екипи победија, но не успеаја да си обезбедат директно учество во плјефот.

Сега ќе почнат со меѓусебен дуел, а победникот ќе игра во доигрувањето, додека поразениот тим ќе има уште една шанса за плејоф и ќе игра со победникот од мечот меѓу Сан Антонио спарс и Мемфис гризлис.

Слично е и во Источната конференција, каде што ќе има плејин турнир. Бостон и Вашингтон ќе играат за билет во плејофот, победникот сигурно ќе настапи во доигрувањето за титулата, а поразениот ќе чека и втора шанса против победникот од дуелот меѓу Индијана и Шарлот.

Двојки за плејоф:

Источна конференција

Филаделфија – Квалификант

Бруклин – Квалификант

Милвоки – Мајами 

Њујорк – Атлтанта

 

Западна конференција

Јута – Квалификант

Феникс – Квалификант

Денвер – Портланд

ЛА клиперс – Далас 

- Оглас -

Најнови вести