Германските медиуми рано утрово пренесуваат информација дека конечно е завршена сагата околу трансферот на Хари Кејн од Тотенхем во Баерн Минхен.
Најдобриот стрелец во историјата на Тотенхем и англиската репрезентација доцна синоќа, односно околу два часот после полноќ го потпиша договорот со “баварците“ и следните четири сезони ќе настапува на “Алијанц Арената“.
Тој доцна синоќа беше снимен пред како пристигнува пред седиштето на Баерн Минех, а навивачите во голем број го пречекаа и поздравија.
Harry Kane has arrived at Säbener Straße for the second part of his medical [🎥 @SkySportsNews]pic.twitter.com/dLb4xpIw8M
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) August 11, 2023
Според договорот, Баерн на Тотенхем ќе му плати 100 милиони евра плус 10 милиони евра во бонуси. Германските медиуми пренесуваат дека Хари Кејн во дресот на Баерн може да дебитира уште вечерва на мечот од Супер купот на Германија против Лајпциг и уште на првиот натпревар да се закити со трофеј.
После потпишувањето на договорот Кејн ги отпоздрави насобраните навивачи од прозорот, што беше знак дека работата е завршена.
Harry Kane still at Säbener Straße, waving to fans who have been waiting to catch a glimpse of the striker [🎥 @skysportspaulg]pic.twitter.com/Ieb5B1JyKU
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) August 11, 2023