29.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Заврши сагата на Антони: Манчестер јунајтед и Бетис се договорија

Сагата околу бразилскиот интернационалец Антони конечно заврши. Манчестер јунајтед и Бетис конечно се договорија и Бразилецот веќе е на пат кон Севиља.

Членот на Ла Лига ќе им плати на Црвените ѓаволи фиксни 22 милиони евра, но и дополнителни три милиони евра во бонуси, секако доколку бидат исполнети. Сепак, тоа нема да биде се што ќе добие Манчестер јунајтед. Бетис се обврза да им исплати на „црвените ѓаволи“ и 50% од износот кој би го добиле при евентуална продажба на Антони.

Антони важи за едно од најголемите промашувања во историјата на Манчестер јунајтед. Тој во 2022 година беше платен 95 милиони евра на Ајакс, иако во тој момент вредеше само 35 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести