Заврши серијата на Рома, Болоња продолжува да сонува за ЛШ (Видео)

Серијата од пет натпревари без пораз за екипата на Рома во Серија А заврши вечерва со пораз од 2-0 од Болоња. Дуелот на двете екипи кои претендираат за пласман во Лигата на шампионите им припадна на домашните со головите на Никола Моро и Расмус Кристенсен кој си постигна автогол.

Со оваа победа Болоња се искачи на четвртата позиција и продолжува да ја сонува Лигата на шампионите. Тие сега имаат 28 поени, еден повеќе од актуелниот шампион, Наполи, кој е на петтата позиција. Рома останува на седмата позиција и ќе мора избраниците на Жозе Мурињо многу повеќе да се потрудат за да ги остварат амбициите за оваа сезона.

- Оглас -

Најнови вести