Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, објави дека тековнава сезона за него е завршена поради повреда. 21-годишниот тенисер последниот меч годинава го одигра на први август, односно тогаш го предаде мечот против Гулин и од тогаш воопшто не настапуваше.
„Ќе го пропуштам остатокот од сезоната поради повреда. Фокусиран сум на опоравување и на тоа да се вратам посилен. Ви благодарам на сите за поддршката.“ – напиша Ивановски на социјалните мрежи, без да открие за каков тип на повреда се работи.