30.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Заврши сезоната за Тер Штеген

Првиот голман на Барселона, Марк Андре Тер Штеген ја заврши предвреме сезоната поради повреда на десното колено. Германецот нема да брани во недела против Ејбар, а Валверде не ќе може да смета на него ниту во финалето од Купот на Кралот, каде Барселона на 25 мај ќе се соочи со Валенсија во обид да го одбрани пехарот, односно да ја освои двојната круна во Шпанија.

На негово место меѓу диреците ќе застане Каспер Силесен. Холанѓанецот вообичаено брани во шпанскиот куп, иако Тер Штеген бранеше во двете полуфинални средби против Реал Мадрид. Воедно, дуелите против Ејбар и Валенсија може да бидат последни за Силесен во дресот на шпанскиот првак, бидејќи се поврзува со преселба во Бенфика, а за неговите услуги се интересираат и Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести