15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Заврши сослушувањето за големото дело против Манчестер сити

Сослушувањата за случајот со 115 обвиненија кои Премиер лигата ги поднесе против Манчестер сити за системско прекршување на финансиските правила се завршени.


Според медиумите на Островот, петокот бил последниот ден кога двете страни ги презентирале своите завршни аргументи. Со тоа завршува процесот што започна на 16-ти септември.


Сега тричлената комисија, која треба да донесе одлука по обвиненијата, ќе ги разгледа сите докази, по што ќе го соопшти својот став. Сè уште не е познато кога ќе се случи тоа, но пресудата треба да биде објавена во наредните месеци.

Доколку клубот Манчестер сити, кој ги негира сите обвиненија, биде прогласен за виновен за сериозни прекршувања, се очекува да добие строга санкција, која може да вклучува високи парични казни, одземање бодови, па дури и исфрлање од елитата.


Во случај која било страна да ја обжали одлуката, може да дојде до значително одложување, па целиот процес би можел да се протега до крајот на следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести