Светското првенство во атлетика кое се одржа во Доха, Катар, заврши вечерва. На шампионатот фалеа некои од ѕвездите во одредени дисциплини, падна еден светски рекорд, а убедливо најуспешна земја според бројот на медали е САД.
Но, ова СП ќе остане запаметено и по рекордно слабата посета на трибините на стадионот „Калифа“, што е проблем за имиџот на земјата домаќин на следното СП во фудбал во 2022 година и по камерите поставени на стартните блокови.
Атлетичарките се бунеа, велеа дека тие камери освен лицата, им ги снимаат и нивните интимни делови, но откако ИААФ ги цензурираше снимките од камерите од стартните блокови, тоа не беше крај за појавување на фотографии кои атлетичарките не би сакале да се појават во јавност.
Некои од акредитираните фоторепортери не обрнуваа внимание на цензурата, па вршејќи ја својата работа, фаќаа моменти од агли за кои атлетичарките сигурно ќе најдат забелешки.