Манчестер сити за првпат не успеа да победи на натпревар на кој играл украинскот лев бек Олександер Зинченко. Низата триумфи со Зинченко на терен беше дури 23 по ред.
Со тоа што „граѓаните“ не славеа против Тотенхем, Зинченко пропушти шанса да постави нов премиерлигашки рекорд. Серија од 23 победи по ред имаше и Давид Силва во периодот од август 2017 до март 2018 година. Зинченко дебитираше во декември 2017 година, и дури сега, речиси две години подоцна, тимот не победи на премиерлигашки меч на кој настапил Украинецот.
Најдолги победнички серии имале пет фудбалери на Сити, а потоа следуваат Робен и Фереира од Челзи со по 17 победи по ред.
Поништениот гол на Габриел Жезус во финишот, го спречи Сити да освои три бода, а тренерот Пеп Гвардиола попушти со нервите и почна да се расправа со колегата Маурисио Покетино. Ова е вторпат на Сити со ВАР да му биде поништен гол за победа против Тотенхем, истото се случи и минатата сезона во Лигата на шампионите.
Гвардиола беше расположен за карање, тој си размени тешки зборови и со Серхио Агеро кого го извади од игра и сите гледаа како негодуваат еден кон друг.