Екипата на Фризерница Попај е победник на традиционалниот турнир во мал фудбал Оливер Соколов-Сокол. Во финалето на 18-тото издание на овој популарен турнир, Фризернца Попај со 4:0 ја совлада екипата Лихнидос Охрид – Гостилница Мече и стигна до првото место.
Третото место го освои тимот на ФК Црна Река откако на пенали со 5:3 ја совлада четвртопласираната екипа Сук Импекс.
Овој популарен турнир на кој во изминативе триесетина дена го посетија неколку илјади гледачи, беше поддржан и од спортската обложувалница Sport Life.


