Заврши циркусот околу казната на Левандовски, и судот ја потврди суспензијата од три меча!

Роберт Левандовски дефинитивно нема да игра за Барселона на дербито со Атлетико Мадрид в недела на „Ванда метрополитано“ во главниот град на Шпанија.

Првиот стрелец во шпанската лига, мора да ја одлежи суспензијата од три меча која му ја изрече дисциплинската комисија на шпанската фудбалска федерација, после црвениот картон на дуелот со Осасуна кој се играше пред СП во Катар.

Барса се жалеше дури и на административниот спортски суд, од таму ја одложија одлуката и му дозволија на Левандовски да игра против Еспањол, но денеска потврдија дека е виновен. Ова значи дека Барса ќе треба да игра без својот прв стрелец на средбите со Атлетико, Хетафе и Жирона.

Леви во Ла Лига би можел да заигра за Барса дури на 1 февруари против Бетис. Тој нема да настапи вечерва во Купот, а ќе игра на Супер купот на Шпанија, бидејќи суспензијата се однесува само на лигашки мечеви.

 

- Оглас -

Најнови вести