Заврши војната меѓу сопругите на Руни и на Варди, една од нив ќе мора да плати казна од 1,5 милион фунти

Англискиот суд одлучи сопругата на напаѓачот на Лестер, Џејми Варди, Ребека да ѝ исплати 1,5 милион фунти за правни трошоци на Колин Руни, сопругата на Вејн Руни.

Ова е епилогот на судскиот процес во кој двете сопруги на англиските репрезентативци се обвинуваа за сè и сешто, а на крајот подебелиот крај го извлече Ребека Варди.

Случајот наречен „ВАГата Кристи“ (ВАГ е кратенка за сопруги и девојки на познати фудбалери), започна со обвинувања од страна на Колин Руни на сметка на Ребека во врска со појавувањето на информации за неа во англискиот таблоид „Сан“.
Ребека ги негирала обвинувањата и одлучила да поднесе тужба за клевета против поранешната пријателка.

Судијката Карен Маргарет Стејн на крајот од судскиот процес утврдила дека Ребека Варди заедно со нејзината агентка Каролин Ват на новинарите на таблоидот „Сан“ им ја откривале содржината на приватните пораки кои на социјалната мрежа „Инстаграм“ ги разменувала со останатите девојки и сопруги на англиските репрезентативци.

Судијката одлучи дека Ребека Варди треба да ѝ плати 1,5 милиони фунти на Колин за правни трошоци, односно 90 отсто од трошоците што ги имала сопругата на Вејн Руни.

- Оглас -

Најнови вести