Завршија маките на Марсеј против Лион (Видео)

Димитри Паје донесе огромна радост на „Велодром“ и со два гола го доведе Марсеј до победа против Лион, прва по пауза од 11 меча.

https://twitter.com/FotMob/status/1193623495596544001?s=20

Големото дерби во Марсеј се играше без присуство на симпатизери на Лион, што го искористија домаќините и победија со 2:1.

Паје погоди од пенал во 18-тата минута, а следниот негов гол во 39-тата минута беше јубилеен 4.000-ти на Марсеј, екипа која е единствена со ваков подвиг во Лига 1 во Франција.

Муса Дембеле во 58-мата минута намали на 2:1, а потоа беше исклучен Алваро кај Марсеј. Лион притисна до крајот на мечот и се обиде да израмни, но не успеа, па ја заврши серијата од 11 меча по ред без пораз од Марсеј.

Марсеј сега е на второто место со 22 бода, 8 помалку од лидерот ПСЖ, а Лион падна на 14-тата позиција со 16 бодови.

- Оглас -

Најнови вести