Завршува бајката на Лестер, шампионот од 2016 година на пат кон испаѓање

Лестер во сезоната 2015/2016 го направи едно од најголемото изненадувања во историјата на Топ 5 лигите кога ја освои титулата во англиската Премиер лига. Тоа беше фудбалска бајка како од приказните, но бајката е при крај, на Лисиците им се заканува испаѓање.

Веќе в понеделник, на 22 мај, кога гостува кај Њукасл, Лестер може и официјално да испадне од англиската елита.

Во моментов, на две кола до крај, Лестер е 19-ти, претпоследен на табелата, со два бода помалку од Евертон, кој е на „безбедната“ 17-та позиција. Во следното коло Евертон гостува кај Вулверхемптон, а Лестер оди кај Њукасл, на кој победата му треба за место во Лигата на шампионите, па теоретски можно е Лисиците уште в понеделник да ги загубат шансите за опстанок.

Ова евентуално испаѓање во Чемпионшип веројатно најтешко ќе му падне на Џејми Варди, кој е староседелец во клубот и знае како од дното да дојде до врвот, а сега пак им се заканува да биде оној стар Лестер.

 

- Оглас -

Најнови вести