Завршува десетгодишната доминација на Меси и Роналдо

Лука Модриќ вечерва треба да биде прогласен за најдобар фудбалер во светот во изборот на престижниот „Франс Фудбал“. Капитенот на хрватската репрезентација ќе ја добие Златната топка, која во изминативе 10 години беше резервирана само за двајцата играчи.

Кристијано Роналдо и Лионел Меси испишаа историја како никој претходно. Двајцата освоија по пет Златни топки и се рекордери. Нивната доминација започна од 2008, кога Роналдо беше најдобар. Потоа следуваше четиригодишна доминација на Меси. Аргентинецот беше најдобар во 2009, 2010, 2011 и 2012 година. Кој друг ако не Роналдо, тој ја прекина таа серија на Меси. Кристијано ја освојуваше наградата на „Франс фудбал“ во 2013 и 2014 година, а потоа Меси стигна до петтата топка во 2015 година. Последните две години беа резервирани за Роналдо.

Златната топка и оваа година ќе остане кај Реал Мадрид, но сопственик ќе биде Лука Модриќ. Официјално најдобриот играч според „Франс фудбал“ ќе биде прогласен вечерва, во 21 часот, на гала-свеченост во Париз.

 

- Оглас -

Најнови вести