Арсенал е на погрешен колосек, а резултатската криза и по денешното реми со Кристал палас довде до многу нервоза, особено кај капитенот Гранит Џака.
Швајцарскиот репрезентативец беше заменет во 61-вата минута, а си замина од теренот испратен со свирежи од навивачите на Арсенал. Реагираше несоодветно за капитен на клуб со огромна традиција, па влета во кавга со публиката со непристојна гестикулација, а потоа го фрли дресот на земја.
https://twitter.com/i/status/1188515511958675456
Веројатно ќе биде казнет, што и не е преголем проблем за Џака, но кавгата со публиката не му оди во прилог. Арсенал веќе го има Озил, кој не игра, а е еден од најплатените играчи во клубот, па сега и Џака има проблем, а и денешните прокоцкани 2:0 на домашен терен против Кристал палас дополнително ја разгореа кризата на „Емирејтс“.
По 10 кола, Арсенал е на петтата позиција со 16 бода и го губи чекорот во битката за првите четири места што водат во Лигата на шампионите, а титулата е многу далеку и речиси и недостижна само по една четвртина одиграни натпревари во Премиер лигата.