Заза од јунак до трагичар, три црвени картони во Торино

Торино не ја оправда фаворитската улога против Калјари и на свој терен освои само еден бод, откако одигра 1:1 против Калјари. Домаќините се во трка за место кое води во Лигата на Европа, но по овој кикс, во заостануваат зад Аталанта.

Во првото полувреме немаше погодоци, а Торино дојде во водство со погодокот на Симоне Заза во 52 минута. Токму стрелецот на голот за Торино, подоцна направи непромислен потег и поради реакција кон судијата, доби директен црвен картон во 73 минута.

Предноста од играч повеќе, гостите многу брзо ја искористија. Во 78 минута, Калјари израмни на 1:1, а неколку минути подоцна и гостите добија црвен картон. Во игра 10 на 10 немаше промена на резултатот, а во последната 95 минута од средбата Калјари доби уште еден црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести