Заздравувањето на голгетерот оди побрзо од очекуваното

Пауло Дибала пред 10 дена заработи повреда на дуелот на Јувентус против Сампдорија и мораше предвреме да го напушти теренот. Аргентинскиот голгетер излезе со солзи во очите, а првичните прогнози беа дека се работи за сериозна повреда и ќе паузира подолг период.

Сепак, повредата на Дибала не е толку тешка и според најавите, напаѓачот би требало да биде подготвен за настап на следниот меч на Јувентус. Поради паузата за репрезентативни настапи, следниот меч на Старата дама е на 17 октомври, и тоа во дерби-меч против Рома.

По заминувањето на Роналдо од Јувентус, Дибала стана главна ѕвезда во тимот и се очекува наскоро да потпише нов договор со најтрофејниот италијански тим.

 

- Оглас -

Најнови вести