Финишот на сезоната во европските лиги донесе многу возбудувања, драми, радости, но и разочарувања. Тим кој сезоната ја заврши на разочарувачки начин е Збројавка Брно. Овој тим одигра реми без голови против Злин и тоа не беше доволно за клубот да се спаси од испаѓање.
Незадоволни од ваквиот исход беа домашните навивачи, а највоинствените од нив, по завршувањето на дуелот, влегоа на теренот.
https://twitter.com/i/status/1662871809010671619
Голем број полицајци реагираа и не дозолија навивачите да дојдат до челниците на клубот, кои навремено избегаа од стадионот.
Збројавка Брно е клуб кој постои 113 години, а минатата година се избори за место во елитната лига, но сега повторно се враќа во втора лига.