Збогум Ќиро, почина хрватскиот тренер над тренерите!

Тажен ден за фудбалот, почина Мирослав Ќиро Блажевиќ, хрватскиот тренер над тренерите, како што го нарекуваа во својата земја.

Блажевиќ долго време се бореше со карциномот, а почина на два дена пред 88-миот роденден.

Тренерската приказна ја почна во 1979 година, а кога со Динамо Загреб по 24 години чекање стана првак на Југославија во 1982 година, почна и приказната за белиот шал што го носеше цело време како негов имиџ. Како селектор на Хрватска, во 1998 година освои бронза, што беше најголем успех дотогаш. Тренерската карирера ја заврши во 2015 година во Задар.

Беше познат како човек без влакна на јазикот, но поради таквиот стил и го обожуваа многумина.

Последната фотографија во медиумите му беше онаа како се шета со синот низ центарот на Загреб.

- Оглас -

Најнови вести